Бугарија во очај: Заборавивме кога последен пат сме играле на СП или ЕП!

1589

За разлика од кај нас, каде што владее вистинска фудбалска “треска“, во Бугарија очај. Имено најдобрата репрезентација на нашиот источен сосед имаше уште едни катастрофални квалификации, овојпат за СП во Катар 2022 година.

Имено Бугарите настапија во групата – Ц, каде завршија на 4.место со само 8 освоени бодови. Швајцарија, Италија и С. Ирска беа подобро пласирани, додека Бугарија беше само пред Литванија.

Коментарите се дека ова не е ништо ново и неочекувано ако се знае во каква состојба е фудбалот во таа земја. Се вели дека нацијата просто заборавила кога последен пат репрезентацијата на Бугарија играла на едно СП или ЕП.

За тие што паметат селекцијата на Бугарија нема учество на Мундијалите од 1998 година, а последното ЕП им беше во 2004 година.

За разлика од Бугарија, Македонија играше на последното ЕП кое се одржа во јуни – јули оваа година, а за СП во Катар 2022 година успеа да се пласира во баражот каде ќе бара шанса за своето деби на еден Мундијал.

ПретходноКасами по девет месеци пауза се врати во тимот на Струга ТЛ!
СледноОд денеска во продажба билетите за Македонија – Шпанија