Алвес: Го одбрав бројот 8 поради двајца големи играчи на Барса

527

Новото засилување на Барселона Дани Алвес изјави дека го одбрал дресот со број 8 поради двајца големи фудбалери кои во минатото ги бранеле боите на каталонскиот клуб. Бразилецот беше претставен синоќа, а иако има 38-години ќе донесе искуство во оваа подмладена Барселона на која не и оди сезонава.

Го одбрав бројот 8 поради двајца големи фудбалери во Барселона. Тоа е од почит кон нив. Тоа се Христо Стоичков и Андрес Иниеста“, изјави Алвес.

Тој излезе на „Ноу Камп“ во костум и апостолки, а исто така излезе и на презентацијата во 2008 година.

Искрено, не се надевав на ова. Им кажав на моите пријатели дека кога првиот пат бев овде тоа беа незаборавни моменти, а мислам дека ќе биде незаборавно и сега. Ова е најголемиот предизвик со кој се соочувам. Знам дека луѓето го очекуваат најлошото од мене, но ќе им кажам да молчат бидејќи мојата сила расте од нивните сомнежи. Ќе одговорам на теренот“, коментира Алвес.

Не ме интересираа финансиите, само сакав да бидам овде. Дури и бесплатно. Не е важно. Првиот пат заминав, а понудив да се вратам, но ме одбија. Претходно го напуштив клубот затоа што не сакав да ми дадат отказ“, откри Бразилецот.

Во меѓувреме претседателот на Барса, Жоан Лапорта изјави дека штом го вратиле Алвес назад, не ја исклучува можноста и Лео Меси и Андрес Иниеста да се вратат во клубот.

ПретходноВоска се засили со играч од градскиот ривал
СледноИ славните холандски голгетери можат да му подзавидат на Депај