И славните холандски голгетери можат да му подзавидат на Депај

215

Холандија се пласира на Светското првенство во Катар откако заврши прва во својата квалификациска група. Тој имаше ефект од 12 гола и шест асистенции и најзаслужен за пласманот на „лалињата“ на Мундијалот по подолго време.

Се вкупно ако се погледне неговиот ефект во календарската 2021 година тогаш тој има 17 голови што на ниту еден претходен холандски играч не му успеало тоа. А Холандија имала врвни голгетери во своите редови низ минатото.

Депај стигна до 17 гола (во 16 меча) за Холандија во 2021 година и е на третото место на вечната листа на најдобри стрелци за европска репрезентација во една календарска година.

Пред него се само двајца играчи и тоа од педесеттите години на минатиот век. Втор е Жист Фонтен кој во 1958 година постигнал 18 голови за Франција, а прв е Шандор Кочиш со 23 гола за Унгарија во 1954 година.

Хари Кејн од Англија постигна 16 гола во исто толку натпревари во оваа 2021 година.

ПретходноАлвес: Го одбрав бројот 8 поради двајца големи играчи на Барса
СледноНапаѓач на Наполи: Го достигнав нивото, сакам да одам во поголем клуб