Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли имаше одлична вечер во дресот на Будуќност Воли и со 15 поени успеа да му помогне на црногорскиот гигант да дојде до убедлива победа против Цедевита Олимпија во мечот од 5. коло во Еврокупот.
Вајли беше еден од најзаслужните за четвртата победа на Будуќност во групата, откако имаше одлична реализација 3/3 за два поени и 3/4 за тројка. Во учинокот додаде и 6 скока.