Од тешко, потешко за македонскиот првак во Лигата на шампиони. Вечерва (18:45) на гостувањето кај Пик Сегед во рамките на седмото коло ќе биде без тројца ракометари во составот, двајца стандардни.
Тренерот, Веселин Вујовиќ нема да смета на Жереми Тото, Куни Моралес и Марко Мишевски. Тројцата ракометари поради повреди не отпатуваа со „црвено-црните“ на тешкото гостување во Сегедин. Мисијата да се прекине серијата од три порази во низа станува тешка, без Моралес и Тото против силниот унгарски состав ќе биде комплицирано.
Вардар 1961 е на шестото место на табелата во групата А, повеќе од месец дена нема победа во Лигата на шампионите.