ПАОК преку Олимпијакос до трофејот од Купот на Грција

229

Фото: Тwitter

Екипата на ПАОК е освојувач на Купот на Грција откако вечерва на „Спирос Луис“ стадионот во Атина успеа да го совлада големиот ривал Олимпијакос со 2:1. Резултатот го отвори Виериња со гол од пенал во 35 минута, а Јаник М’Вила во 50. минута изедначи.

Мрежите мируваа се до 90-тата минута кога чешкиот напаѓач Михаел Крменчик погоди и ја донесе победата за ПАОК и трофејот.

Ова е седми трофеј од Купот за ПАОК, а прв по 2019 година. Тоа е и утеха за неосвоениот шампионат на Грција. Како потсетување завршија на второто место оваа сезона. Шампион на Грција стана Олимпијакос.

ПретходноМитревски и Порто станаа шампиони – ја посветија титулата на Кинтана
СледноПобедничката серија продолжува: Македонија со победа и над жилавиот Израел