Никој, ама баш никој не очекуваше дека Слога (В) во соседското дерби во меч од 11.коло во ВМФЛ – ИСТОК, ќе загуби во Кочани од Осогово, и тоа со 3:0. Сепак тоа и се случи, а домашните ја одиграа можеби најдобрата партија оваа сезона. Овој кикс на виничани го искористи Победа и по триумфот со 3:1 над Кожуф, сега прилепчани се лидери на табелата на Истокот.
Во останатите мечеви Детонит со 1:0 го победи Кит Го, додека ТИМ Локомотива и Саса одиграа без голови. Да кажеме дека во Струмица, домашниот состав на Беласица со 2:0 триумфираше против Братство.
РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО
БЕЛАСИЦА – БРАТСТВО 2:0
ДЕТОНИТ – КИТ ГО 1:0
ПОБЕДА – КОЖУФ 3:1
ТИМ ЛОКОМОТИВА – САСА 0:0
ОСОГОВО – СЛОГА (В) 3:0
ТАБЕЛА
Победа 26, Осогово 25, Саса 21, Беласица 20, Кит Го 16, Осогово 14, Детонит 13, Кожуф 12, ТИМ Локомотива 5, Братство 4