Екипата на Силекс денеска го совлада Вардар во Скопје и со тоа се „зациментира“ на првото место на табелата во ВМФЛ со 31 бод, дури девет повеќе од второпласираната Воска и единаесет повеќе од третиот Вардар.
Кратовци поведоа преку Љамалари, а Вардар изедначи со голот на Петров. Сепак, во 92. минута по еден контра напад кратовци стигнаа до победата. Спирковски ја заврши акцијата за голема победа на тимот на Силекс на дербито.