ПСЖ не застанува, Мбапе и Меси го скротија Нант

151

Тимот на ПСЖ без проблеми на домашен терен предмалку успеа да слави над тимот на Нант со конечни 3:1 и тоа со головите на Килијан Мбапе, Лионел Меси и автоголот на Апиа.

Обезбеден е 12. триумф во 14. меч од оваа кампања и Парижаните суверено се првото место од табелата во шампионатот на Франција.

Работите добро тргнаа на овој меч за домаќинот, затоа што Мбапе погоди уште во 2. минута, но во второто полувреме имаше малку драма. Кејлор Навас, голманот на домашните доби директен црвен картон, па автоматски потоа во 76. минута Коло Муани израмни на 1:1.

Во 82. минута Апиа си постигна автогол, а Лионел Меси во 87.минута ја запечати победата на домашниот тим.

 

ПретходноВардарки со реми се збогуваа со Европа
Следно„Врие“ на дербито на Енфилд, ќе се степаа Клоп и Артета (ВИДЕО)