Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го имаше првиот собир пред стартот на подготовките за квалификациските мечеви за пласман на СП 2023 година. Селекторот, Драган Бајиќ заедно со раководството ги пречекаа репрезентативците, кои ги чека голем предизвик, дуелот со светскиот првак во петок (Скопје) и Украина на гостински терен три дена подоцна, како дел од ноемврскиот „прозорец“.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим одбра 15. имиња на кои ќе смета за овие две средби. На списокот „новитет“ е Кирил Николовски, го нема Ненад Димитријевиќ, кој е повреден, како и Војдан Стојановски. На оној првичен список не се најде ниту Бојан Трајковски, за кого Бајиќ наскоро ќе треба да даде обасјнување зошто капитенот од претквалификациите наеднаш не се најде во неговиот избор.