Зидан го одбил Манчестер Ј. само од една причина: Слабо зборува англиски

321

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед да го преземе тимот од „Олд Трафорд“, само поради една причина.

Според шпанскиот печат, Зидан не сакал да замине во Англија само поради слабото познавање на англискиот јазик. Исто така, според изворот, на одлуката на 49-годишниот Французин влијаела и неподготвеноста на неговата сопруга да се пресели во Англија.

Зидан во иднина би сакал да работи во Франција и веќе се споменува како наследник на Покетино во ПСЖ, но во игра е и селекторското место во репрезентацијата.

ПретходноТИМ НА 14.КОЛО: “Бум- Бум“ Емини за триумф на “лавовите“…
СледноКој е Феликс Афена-Гјан, играчот за кој зборува цела Италија!