Нов проблем за Бајиќ: Младеновски добил труење, Ѓуроски со повреда!

360

Драган Бајиќ на првиот ден од подготовките за стартот на квалификациите за СП 2023 година, поточно првата фаза во битката за место на ова големо натпреварување, на располагање има 12 играчи од вкупно 15-те кои се најдоа на неговиот список.

Веќе пишавме дека Лејсон Зекири не се појави на собирот, неофицијално, причината е неговата желба да игра за Косово. Дали истата ќе му се исполни или во меѓувреме ќе ја промени одлуката ќе видиме наскор.

Но, тој не е единствениот кошаркар кој веднаш не му е на располагање на Бајиќ. Двајца членови на Пелистер не тренираат со останатите момци.

Поради труење со храна, Љубомир Младеновски го прескона стартот, а во „аут“ барем засега е Стојан Ѓуроски, кој пак се пожалил на болки во препоните. Денеска бил на снимање, се чека официјален став околку неговата состојба.

Македонија во петок ќе излезе на мегдан со актуелниот светски првак, Шпанија, која гостува во Скопје, додека три дена подоцна ќе и гостува на Украина во Киев. Ова се двата дуели предвидени за ноемврискиот прозорец.

ПретходноМурињо го одржа ветувањето, му купи патики на Афена-Гјан (ВИДЕО)
СледноФИФА ги одбра најдобрите 11 играчи за 2021 година!