НБА го казни Леброн, напаѓачот помина полесно од жртвата

354

Првпат по 19 години кариера во НБА-лигата, Леброн Џејмс е суспендиран. Причината е инцидентот со Ајзеа Стјуарт, кој се случи на почетокот на третата четвртина кога „кралот“ го удри со лакт и го раскрвари неговото лице.

Леброн доби еден меч суспензија, додека на другата страна Стјуарт зарабти два натпревари, откако и двајцата беа исклучени на дуелот меѓу Лејкерс и Пистонс (121-116).

Џејмс по вторпат во неговата кариера е исклучен, во текот на борбата за позиција при изведување на слободни флрања со лакт го удри Стјуарт, под десното око му направи голема исекотина. Кошаркарот на Пистонс збесна и се обиде да се пресмета со Леброн.

Токму затоа НБА објави дека Џејмс ќе има помала казна, тој го предизвикал инцидентот, додека пак противничкиот кошаркар е виновник за ескалазија на истиот, па поради агресивно однесување ќе биде на „ладење“ два меча.

ПретходноРајо и Столе ја „суредија“ и Мајорка (видео)
СледноВо Реал загрижени, можат да остана без Мбапе – причината е Зидан