Зинедин Зидан ја одби понудата на Манчестер Јунајтед да го превземе Оле Гунар Солскјер.
Мадриски АС пишува дека францускиот тренер, откако го напушти Реал Мадрид тој е го главниот град на Шпанија, чека една од двете понуди за кои е заинтересиран, француската репезентација и ПСЖ.
За да ја превземе репрезентацијата на својата земја мора да почека година дена за да го дочека крајот на СП во Катар. Од друга страна, Зидан е голема желба на катарските газди на ПСЖ. Со нив разговарал веќе неколку пати, постои голема можност да седне на клупата на „светците“ доколку Маурицио Покетино замине во Јунајтед.
Ваквиот расплет не му оди во прилог на Реал, веруваат дека ќе останат без Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец следното лето ќе биде слободен играч и треба да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, но доколку навистина Зиндан дојде во ПСЖ работите би можеле да се променат. Мбапе може да остане во Париз, доколку легендарниот фудбалер успее да го убеди.