Битола на нозе – се чека првата европска победа на Е.Пелистер на домашен терен!

178

Е.Пелистер фати ритам во Европската лига. Единствениот македонски претставник во ова натпреварување по ремито со Кадетен на гости, дојде до победа во Атина против АЕК. Избраниците на Жељко Бабиќ на оваа средба се претставија во најдобро светло сезонава во Европската лига, веќе денеска (18:45 часот) имаат шанса да ја израдуваат домашната публика.

Во салата „Боро Чурлевски“ гостува Татабања во рамките на четвртото коло. Противникот, кој е предводен од поранешниот македонски селектор, Драган Ѓукиќ има бод помалку од битолчани.

Двата тима имаат меѓусебна историја, одиграле четири меча, два минатата сезона. Она што е најважно е дека Е.Пелистер го добил дуелот на домашен терен, но и тој на гостински. Претходно пак унгарскиот тим беше подобар од битолчани, па резултатот е 2-2.

Со оглед на тоа дека навивачите подготвуваат спектакл, ќе има и загревање во фан зоната, Е.Пелистер е близу до двата бода, останува да одигра уште еден одличен натпревар и да направи чекор напред на табелата.

По три одиграни коло македонскиот претставник е на четвртото место со победа, реми и пораз.

ПретходноБајиќ: Јас сум оптимист, верувам во она што го работам!
СледноОфицијално: Купот одложен за 1 декември