Се одлагаат утрешните куп средби, се чека потврда од ФФМ

413

Со оглед на новонастанатат ситуација, и големата трагедија која што се случи утринава во Бугарија, Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги одложи утрешните куп средби. Закажана беше четвртфиналната фаза, но сега истата најверојатно ќе се игра во друг термин, накнадно закажан.

Се чека само потврда на оваа информација од страна на ФФМ. Инаку од Федерацијата веднаш реагираа, професионално и одговорно, и ги исконтактираа сите клубови кои се дел од оваа фаза, за да не прават дополнителни трошоци и не заминат денеска во карантин.

ПретходноМеси вети дека ќе се врати во Барселона, зборуваше и за Роналдо
СледноБајиќ: Јас сум оптимист, верувам во она што го работам!