Манчестер Јунајтед славеше со 2:0 на гостувањето кај Виљареал и практично на коло пред крајот на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите си визираше место во нокаут-рундата. Третата победа на „црвените ѓаволи“ во групата, прва под водство на в.д. менаџерот Мејкал Керик, ги стави на првото место во групата „Ф“ со 10 освоени бода, три повеќе од својот денешен ривал, и дури пет пред Аталанта која вечерва ќе се сретне со Јанг Бојс во мечот од 5. коло.
Роналдо погоди во 78. минута, по една катастрофална грешка на голманот на домашните, за Санчо во судиското надополнување да ја потврди победата.
Во вториот меч вечерва, Баерн (М) на гостувањето во Киев победи со 2:1. Мечот се одигра по тешки снежни услови во првите 45 минути, кога гостите отворија со евроголот на Левандовски во 14. минута, а Кингсли Коман во 42. минута ја зголеми предноста на 2:0.
Голот за надеж на домашните беше дело на Гармаш во 70. минута, но до крајот Украинците не успеаја да постигнат гол за реми.