Покетино дециден: Останувам во ПСЖ до 2023 година

168

Говорејќи на прес-конференција пред патувањето на ПСЖ на мечот со Манчестер Сити утревечер, Маурисио Покетино одговори и на прашањата за неговата иднина.

„Концентриран сум на фудбалот. Јас не сум дете. Го поминав целиот мој живот како играч и менаџер слушајќи гласини. Разбирам што се случува, понекогаш на позитивен, понекогаш на негативен начин. Тоа не е одвраќање, мора да се живее со тоа, тоа е фудбалот. Ние сме концентрирани. Го почитувам мојот клуб, ПСЖ. Тоа што прави другиот клуб, не ме засега. Кога бев во Еспањол, реков дека сакам да се сретнам со Сер Алекс. Ако го кажам тоа повторно, ќе биде извадено од контекст. Среќен сум во Париз. Го сакам клубот, ги сакам навивачите. Да се ​​биде во ПСЖ е прекрасно. Ние сме лидери во Лига 1 и се соочуваме со Манчестер Сити. Мислам дека сум јасен. Реков дека имам договор до 2023. Оваа и следната сезона. Среќен сум во ПСЖ, тоа е факт“, потенцирал Аргентинецот, по гласините дека може да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

ПретходноПроблеми за Лајпциг пред мечот со Бриж: Тренерот и голманот позитивни на Ковид-19
СледноЛШ: Челзи го „растури“ Јуве, без голови на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)