Крстевски како вистински капитен – со мотивациска изјава пред Шпанија

518

Патот до Светското првенство 2023 дефинитивно е тежок за македонската кошаркарска репрезентација. Нашите момци пред себе имаат силни противници, прв во редот е актуелниот светски првак, Шпанија, кој во петок гостува во СЦ „Јане Сандански“.

„Фуријата“ ќе допатува во поинаков состав, без главните ѕвезди, како и без кошаркарите кои играат за Реал Мадрид и Барселона. Но, и со ваков „ростер“, Шпанија ќе биде силна.

И покрај ова, нашите кошаркари нема да го дигнат „белото знаме“, ќе одиграат храбро и борбено. Ова го најави новиот капитен, Бојан Крстевски, кој треба да биде еден од лидерите на теренот.

„Имавме пократок временски период за тренирање за разлика од летото и нешто поизменета екипа од претквалификациите. Не сме комплетни, но тоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имавме и со кое располагаме. На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот, како и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме“, изјави на денешната прес-конференција Крстевски.

ПретходноЧави им поставил едно прашање на фудбалерите
СледноДИЈАМАНТОТ ВО ЕЛЕМЕНТ: Елмас стрела во Москва, го живна Наполи (ВИДЕО)