Драма во Келце: Барса водеше со 4 разлика во самиот финиш, но на крајот загуби!

280

Откако минатата недела на домашен терен дозволија да бидат поразени од полскиот гигант Виве Келце, ракометарите на Барселона вечерва имаа голема шанса да им вратат со иста мера на противниците на реваншот во Полска, но прокоцкаа сигурна предност и на крајот загубија. Каталонскиот гигант имаше предност од 4 гола во последните 4 минути на мечот, но Киелце со фуриозен финиш не само што ги анулираше, туку успеа да дојде и до два гола предност за конечни 29:27 и нова седма победа со која останува убедлив лидер во групата „Б“ од Лигата на шампионите.

Алекс Дујшебаев со 8 гола беше предводник на неверојатниот финиш на Полјаците, додека кај Барселона Бенгоечеа постигна 5 гола.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Вредна победа вечерва обезбедија и ракометарите на Алборг, кои пред своја публика со35:33 го совладаа германскиот гигант Кил. По двата порази во низа, Данците ја искористија домашната предност и успеаја да прокнижат победа која ги враќа на самиот врв на табелата во групата „А“.

Лесо со 9 гола беше лидер кај Алборг, додека најпрецизен кај гостите беше Екберг со 7 погодоци.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПМФЛ: Ренова-А. Пандев се игра в сабота, сите останати мечеви од 15 коло во недела!
СледноСветскиот првак во Скопје доаѓа со делегација од 35 луѓе, ќе тренира на денот на мечот!