Екипата на Тотенхем се најде во ситуација да испадне од Лигата на конференции откако вечерва загуби на гостувањето во Словенија од екипата на Мура со 1:2. Хорват во 11. минута ја доведе Мура во водство, а во 32. минута „спарс“ останаа со играч помалку поради исклучувањето на Рајан Сесењон. Хари Кејн изедначи во 72. минута, но во четвртата минута од судиското продолжение Мароса погоди и донесе победа за Мура.
Во оваа група Рен обезбеди пласман во следната фаза со ремито против Витесе 3:3. Французите се лидери со 11 бода три повеќе од вториот Витесе и третиот Тотенхем на едно коло пред крајот. Мура има само три бода.
Славниот Тотенхем е во ситуација да испадне од КЛ што би било срамно за екипа која до пред некоја година играше во финале на ЛШ. Во последното коло Тотенхем ќе игра дома со Рен.
А Партизан изгуби на гости од Флора (0:1) и исто така пропушти шанса уште сега да слави пласман во следната фаза. Вака му остави простор на естонскиот тим да се надева на чудо. Гент е лидер со 10 бода, Партизан има 7, Флора 5, а Анортозис 2.
Партизан во последното коло ќе игра со Анортозис на свој терен и тука ќе ја бара шансата за пласман понатаму.
⏰ EARLY RESULTS ⏰
🔝 Who did it best?#UECL
— UEFA Europa Conference League (@europacnfleague) November 25, 2021