“Спортмедиа“ во изминатите три дена правеше анкета со наши некогашни репрезентативци, селектори, стручни лица, членови на стручниот штаб на нашата репрезентација,се разбира и со голем дел од актуелните репрезентативци. Прашањето беше едноставно-која репрезентацијата е НАЈ(НЕ)ПОСАКУВАНА за ривал на денешната ждрепка во баражот или плеј –офот за пласман на СП во Катар 2022.
Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска и Велс. Тоа се селекциите кои можат да ни се паднат во полуфиналето.
Познато е дека денеска во 17 часот во Цирих ќе се одржи ждрепката во која ќе биде и Македонија. Претходно во детали објаснивме како таа ќе се одвива, а нашите соговорници ги дадоа следните одговори.
Имено сите 15 соговорници се сложија дека нема да биде добро да ни се паднат Италија и Португалија, додека добро ќе биде да ги добиеме Шкотска и Велс.Тие во своите одговори требаше да издвојат кои три репрезентации ги сакаат или не ги сакаат за ривали во полуфиналниот бараж.
РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА
ЛОША ЖДРЕПКА:
ИТАЛИЈА-15 (гласа)
ПОРТУГАЛИЈА-15
ШВЕДСКА-13
РУСИЈА-2
ДОБРА ЖДРЕПКА:
ШКОТСКА-15
ВЕЛС-15
РУСИЈА-13
ШВЕДСКА-2