Штутгарт го победи Мајнц и ја прекина серијата од три порази (видео)

67

FOTO>Twitter/Mainz 05 English

Екипата на Штутгарт славеше со 2:1 над Мајнц во првиот меч од 13. коло во Бундес лигата. Популарните „Шваби“ успеаа да ја прекинат серијата од три порази односно пет меча без победа. Освоија три бода со кои се одлепија од долниот дел на табелата.

Јапонецот Хироки Ито во 21. минута донесе водство за Штутгарт, а изедначи Хак во 39. минута. Во второто полувреме хрватскиот интернационалец Борна Соса ја затресе мрежата на Мајнц и донесе водство на Штутгарт.

Тој резултат остана до крајот. Притоа Штутгарт му ја прекина на Мајнц серијата од четири меча без пораз.

Сега „Шбавите“ се 13-ти на табелата со 13 бода, а Мајнц е четири места погоре со 18.

ПретходноВајли: Добри бевме во првиот дел, потоа паднавме
СледноАтлетик со автогол избегна пораз од Гранада (видео)