Па Омар Џобе: Шкендија го договори првото зимско засилување! (ВИДЕО)

1812

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, деновиве веќе го договори првото свое зимско засилување. Имено во Тетово доаѓа Па Омар Џобе, репрезентативец на Гамбија кој во последните две сезони настапувал за составот на Шеик Џамал од Бангладеш.

Бројките, односно статистиката вели дека Џобе е добар напаѓач, на 23 меча сезонава за својот тим постигнал 19 голови и имал 4 асистенции.

Класичен шпиц играч, висок 185 см, а главна му е десната нога. Има само 22 години, брз е, експлозивен, знае да постигнува голови и тоа како.

Сепак останува да се види како Африканецот би се снашол во нападот на Шкендија каде тука се Гури, Дориев, Хебај, Елези, Нафиу, Шала…

ПретходноСУПЕР ЛИГА: “Братско дерби“ во Битола – Е. Пелистер 2 на мегдан со Е. Пелистер
СледноМакедонија денеска на “тест“ со Србија!