Аталанта го „сруши“ Јувентус на негов терен (ВИДЕО)

163

Дуван Запата е херојот на тимот на Аталанта, откако предмалку екипата од Бергамо со голот на интернационалецот од Колумбија со 0:1, триумфраше среде Торино во дуелот со Јувентус.

Огромниот резултат за Аталанта, историски може слободно да се каже е заслужен затоа што гостите особено во првиот дел, одиграа супер, постигнаа гол, имаа уште неколку ситуации, а проблемот на Јувентус очигледно дека е поголем од она што реално се претпоставуваше.

Во второто полувреме Јувентус се консолидираше, заигра подобро на противничката половина, но сепак не дојде ниту до израмнување. Дибала во последните секунди ја погоди гредата од слободен удар, за дефинитивна капитулација на домаќините на овој меч.

 

ПретходноЕ.Пелистер пресилен за помалиот брат
СледноДо вчера штрајкуваа, денеска го совладаа Т. Пролет на гости