До вчера штрајкуваа, денеска го совладаа Т. Пролет на гости

153

Ракометарите на Металург направија изненадување совладувајќи го Т. Пролет на гостински терен со 31:29. Клубот кој пред само неколку дена беше во штрајк, се врати на терените победнички.

Извонредно издание кај „металурзите“ имаа Хорват и Озтурк, кои сами постигнаа 19 од овие 31 гол за својот тим. Интересно е што домашните ниту еднаш не поведоа на дуелот, што јасно покажува дека Металург ја имаше контролата и на резултатот и на текот на мечот.

Со оваа победа, Металург дојде на бод зад Охрид кој се наоѓа на 7 место на табелата и се уште се надева на место во плеј-офот.

ПретходноАталанта го „сруши“ Јувентус на негов терен (ВИДЕО)
СледноБутел ја продолжи победничката низа