ПСЖ го победи Сент Етјен со 3-1 во рамките на 15. коло во Лига 1, но го загуби Нејмар на одредено време. Бразилецот во 84. минута го избегна стартот на противничкиот играч, но незгодно доскокна на неговата нога, по што го свитка зглобот.
Нејмар со болна гримаса на лицето бараше лекарска помош, од теренот беше изваден со носилки. Тежината на повредата не е позната, но според она што може да се види од снимката, дефинитивно паузата ќе биде подолга.
Два часа по повредата, Нејмар се огласи на социјалните мрежи: Ќе се опоравам. За жал ваквите несреќи се дел од животот на спортистите. Во овој момент треба да ја подигнам главата и да продолжам понатаму. Ќе се вратам подобар и посилен, гласи пораката на Бразилецот.
Моментот од повредата можете да го видите ТУКА.