Покрената е истрага: Навивач удри новинарка по задникот додека известуваше (ВИДЕО)

11117

Во саботата во Серија А се одигра дерби дуелот помеѓу Емполи и Фиорентина. Домашните славеа со 2:1, натпреварот го следеше новинарката Грета Бекаглија.

Додека таа известуваше во живо од пред стадионот еден од фановите ја удри по задникот. На снимката од инцидентот се гледа дека навивачот прво и ја бакнал раката, а потоа го направил непријатениот потег. По него во кадарот влезе уште еден навивач кој покажа среден прст.

„Жал ми е, но не можеш да го направиш тоа. Не можеш“, му рече новинарката по потегот, полицијата веќе покренала истрага за сексуална злоупотреба.

Откако ја заврши својата задача новинарката се огласи на социјалните мрежи.

„Вознемирувањето е снимено во живо на телевизија додека ја извршував својата здача во тој момент, за жал добро знаеме дека истото им се случува и на другите жени и тоа во моментите кога камерите се исклучени, а за тоа никој не зборува. Она што се случи е неприфатливо, не смее да се повтори никогаш повеќе“, реле Грета.

ПретходноТИМ НА 15.КОЛО: Адетунџи е најдобриот меѓу најдобрите!
СледноРакометарките со шанса за поправен против Србија