Од денеска и официјално Ралф Рангник е нов менаџер или тренер на Манчестер Јунајтед. Тоа го потврдија и од клубот од “Олд Трафорд“. Според најавите неговиот договор со Јунајтед ќе биде до јуни, со можност за продолжување на истиот. Сепак можно е да остане во Јунајтед и како човек задолжен за трансфер – политиката на клубот. Не е тајна дека во досегашниот дел од својата кариера Германецот има “пронајдено“ голем број фудбалери кои сега се ѕвезди во европски и светскиот фудбал.
Инаку Рангник досега работеше во Локомотив Москва како спортски директор за 4 милиони евра плата, додека во Јунајтед ќе зема двојно повеќе или околу 9 милиони евра.