Крсте Велкоски беше стрелец на третиот гол за тимот на Сараево во триумфот од 3:0 на домашен терен против тимот на Радник Бјелина. И покрај освоените три бода денеска, тимот на Велкоски ќе мора да се задоволи само со втората позиција на табелата освоено сезонава, затоа што шампион на БИХ е тимот на Борац Бања Лука.
За Велкоски кој одамна не игра клучна улога во тимот на Сараево, ова е само трет гол сезонава.