Македонскиот интернационалец Јани Атанасов беше стрелец на два гола во убедливиот триумф на Хајдук против Локомотива со 6:3. Сплитскиот тим со оваа победа избори пласман во полуфиналето на Купот, а Атанасов постигна два фантастични гола.
Првиот гол го даде во 51. минута за предност од 1:2 и тоа на неверојатен начин откосо, во стилот на Ван Бастен на времето, а потоа во листата на стрелците се запиша и во 66. минута за предност од 2:5.
Головите ги посвети на свој неодамна починат пријател кој загинал во сообраќајна несреќа.