Екипата на Њукасл и покрај тоа што доби нови сопственици од Блискиот Исток, и покрај тоа што го смени тренерот, резултатите не се променија. Екипата вечерва не успеа да го победи ни Норвич на домашен терен па остана на последната позиција на табелата по 14. кола со само 7 освоени бодови.
Њукасл во 9. минута остана со фудбалер помалку поради црвениот картон на Кларк кој го доби поради неспортски потег во дуел со противнички фудбалер, но сепак „црно-белите“ дојдоа во предност во 61. минута со голот на Калум Вилсон од пенал. Но не издржаа, во 79 минута гостинскиот напаѓач Тему Пуки погоди за конечни 1:1.
Норвич освои драгоцен бод во борбата за опстанок и оваа екипа е на 18. позиција со 10 бода, три помалку од сигурната зона.