„Златната копачка“ за Хари Кејн, Едерсон е голманот на сезоната во Англија

132

По одигрувањето на последното коло во англиската Премиер лига, денеска беа врачени и наградите за најдобрите поединци оваа сезона на Островот.

Наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во сезоната отиде во рацете на Хари Кејн со 23 постигнати гола. Тој за само еден гол беше подобар од Мохамед Салах од Ливерпул, кој денеска не успеа да постигне ниту еден гол за својата екипа во победата над Кристал Палас.

Со 14 реализирани асистенции, Кејн ја грабна и наградата за најдобар „додавач“ пред Бруно Фернандеш од Манчестер Ј, додека голманот на Манчестер Сити, Едерсон ја доби наградата за најдобар голман според бројот на мечеви на кои не прими ниту еден гол. Едерсон сезонава имаше 19 „чисти мрежи“

ПретходноПирло го седна Роналдо на клупа, Јуве без првата ѕвезда во битка за ЛШ
СледноПрилеп и КЛ7 со важни бодови, Радовиш му зеде бод на лидерот (ФОТО)