Ѓорѓиев и Хебар поразени во 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите

84

Одбојкарскиот шампион на Бугарија, Хебар Пазарџик во чии редови годинава настапува нашиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев со пораз ја отвори групната фаза од Лигата на шампионите. Одбојкарите на бугарскиот шампион претрпеа тежок пораз во првиот натпревар од групата „А“ на гостувањето кај полскиот шампион Јастржебие со 0:3 (11:25, 16:25, 14:25).

Ѓорѓиев почна како стартер за Хебар но не успеа да освои поен на исклучително лошиот меч кој го одигра неговата екипа. Во 2. коло од групата, Хебар за две недели е домаќин на германски Фридрихсхафен во чии редови до пред некоја сезона играше братот на Ѓорѓи, Никола Ѓорѓиев, кој сега го носи дресот на словенечку АЦХ Волеј.

ПретходноВорхолм и Томпсон-Хера се „Атлетичари на годината“
СледноСП: Шпанија ја сопре Аргентина на три гола во второто полувреме и ја прегази на стартот на Мундијалот