Челзи се намачи, но дојде до три бода на гостувањето кај Ватфорд (ВИДЕО)

149

Лидерот во Премиер лигата, челзи, минимално со 2:1 славеше на гостувањето кај Ватфорд и успеа да ја задржи предноста пред големите конкуренти за титулата Манчестер Сити и Ливерпул по денешните средби од 14. коло. „Сините“ славеа на гостувањето кај Ватфорд на меч кој беше прекинат во 13. минута поради тоа што на еден навивач на трибините му се слоши, па мораше да интервенираат медицинските екипи.

Откако продолжи, Мејсон Маунт успеа во 29. минута да им донесе радост на гостите за водство од 1:0. Домашните не се предадоа, напротив одиграа одличен меч и преку Денис во 43. минута обезбедија 1:1 по првиот дел.

Во второто полувреме со голот на Зијех, Челзи повторно поведе, што на крајот беше и конечен резултат на мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБензема за шампионски танц на Реал (ВИДЕО)
Следно„Мерсисајд дербито“ обоено во црвено, „граѓаните“ му го нанесоа првиот пораз на Џерард (ВИДЕО)