Раководството на англиски Евертон планира да одржи итен состанок за да разговара за иднината на Рафаел Бенитез по разочарувачкиот пораз од Ливерпул со 4-1 во Премиер лигата синоќа.
„Карамелите“ имаа добар почеток на сезоната, но сега се наоѓаат на само пет бода од црвената зона, а таа разлика може да се намали доколку Барнли го победи Тотенхем.
Спортскиот новинар Руди Галети тврди дека е закажан итен состанок на одборот на директори за денеска, а Бенитез би можел да добие отказ пред мечот со Арсенал.
Данкан Фергусон, кој беше на чело на англискиот тим претходно како привремен тренер, би можел да ја добие улогата на привремен тренер доколку Бенитез добие отказ.