Новиот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, Германецот Ралф Рангник официјално доби работна дозвола во Велика Британија, па ќе може да го започне и официјално својот мандат на клупата на тимот од Олд Трафорд.
Тоа ќе се случи викендов кога тимот на Манчестер Јунајтед на домашен терен ќе го пречека тимот на Кристал Палас, в недела од 15:00 часот.
Ова е веќе сосема нова фаза од сезоната на Јунајтед која мора да се признае е многу бурна. По отказот на Оле Гунар Солскјер, на клупата седна неговиот помошник Мајкл Керик, па ете сега конечно своето место ќе го заземе и Ралф Рангник.
FOTO: Via Guliver