Речено сторено. На претходно донесената одлука од страна на Општина Аеродром, спортскиот центар во Скопската населба Ново Лисиче, одсега натаму ќе го носи името на прерано почитаниот млад ракометар Марко Божиновски.
Вечерва името и ликот на Марко Божиноски светнаа пред објектот и пренесоа силна порака дека младиот спортист прерано си замина но нема никогаш да биде заборавен.
Во овој спортски центар минаа годиниве многу генерации млади спортисти, и допрва уште многу и ќе стасуваат и сите со себе ќе понесат дел од животот и делото на Марко кој целосно беше посветен на спортот, пред се на ракометот.