Првата средба на Мбапе со Зидан: Треба ли да ги соблечам патиките?

818

Не е тајна дека Килијан Мбапе има голема желба, а таа е да игра во Реал Мадрид. Сега малку работите веројатно се променети ако се знае дека неговиот идол Зинедин Зидан, можеби ќе дојде во ПСЖ, а тоа значи дека еден од најдобрите светски фудбалери веројатно ќе остане во Париз.

Неодамна Мбапе за медиумите раскажа една комична приказна од времето кога имал само 14 години и бил на некои пробни тренинзи во Реал Мадрид, а тогаш Зидан бил тренер на вториот тим на “кралевите“ и добил задача да биде со младиот негов сонародник.

Поминав прекрасни денови со Зидан. Никогаш нема да го заборавам тој момент, таа наша прва средба. Се сретнавме на паркингот на стадионот. Јас се збунив, па пред мене беше Зидан, мора да ме сфатите. Имаше `страшен` автомобил. Ме повика да влезам во него, а јас го прашав дали да ги соблечам патиките. Тој само се насмевна и рече -јасно дека не. Се возевме до тренинг центарот, а јас бев пресреќен“ се присети Мбапе.

ПретходноШтутгарт фати ритам, „тројка“ за Пешевски
СледноГатузо би можел да биде селектор на Грција!