Македонскиот кошаркарси репрезентативец и интернационалец во Барселона, Теодор Симиќ се најде во одбрано друштво на десетмина млади кошаркари кои оставија најголем впечаток на стартот на квалификациите за Мундијалот во 2023 година. ФИБА одрба десетина имиња меѓу кои се најде и Симиќ и на кои става акцент како носители на Европската кошарка во периодот кој следува.
Симиќ се најде во изборот на ФИБА заедно со Филип Петрушев од Србија, Александер Балчеровски од Полска, Микаел Јантуен од Финска, Хрватот Роко Пркачин, потоа Јам Мадар од Израел, Џастус Холац од Германија, Кеј Ван дер Вурст Де Врис од Холандија, Кенан Камењаш од Босна и Херцеговина и Бугаринот, Емил Стоилов.