Јунајтед и официјално го претстави Рангник

188

Откако беше назначен за нов менаџер, откако „одлежа“ задолжителен карантин при влез во Велика Британија, откако доби работна дозволла, откако утринава одржа и прес конференција, Ралф Рангник конечно дочека да биде претставен на Олд Трафорд, како следниот кормилар на Манчестер Јунајтед.

Германецот пристигна како замена за Оле Гунар Слосјкер кој доби отказ, а во меѓувреме улогата ја одигра и Мајкл Керик. Ниту Ранкинг не е конечното решение на Јунајтед затоа што му е доделено местото само во следните шест месеци, па дури потоа ќе се носи конечното решение дали ќе остане на чело на Јунајтед и понатаму.

Рангник ќе дебитира викендов на клупата на Манчестер Јунајтед  на домашен терен против Кристал Палас, в недела од 15:00 часот.

ПретходноТеодор Симиќ е „топ тен“ млад играч според ФИБА (ВИДЕО)
СледноБудуќност го суспендираше Вајли!