Како што информираат од раководството на Будуќност, Џејкоб Вајли е под суспензија. Имено македонскиот кошаркарски репрезентативец не се појавил на неколкуте последни тренинзи и тие морале да го суспендираат. Познато е дека Будуќност од Подгорица е најдобриот клуб во Црна Гора и еден од најдобрите на овие балкански простори.
Инаку не тајна е дека Вајли во понеделникот играше за Македонија против Украина во Киев, но потоа тој не се појавил на тренинзите, не се приклучил на неговиот тим. Неговиот менаџер дополнително го информирал клубот од Подгорица дека нашиот репрезентативец има семејни проблеми кои треба да ги разреши.