Пеп е воодушевен од Влаховиќ, го сака уште во јануари во Сити!

233

Пеп Гвардиола е воодушевен од квалитетите на српскиот интернационалец кој настапува во Фиорентина, Душан Влаховиќ. Стратегот на Манчестер Сити не криел, барем според пишувањата на медиумите во Италија, дека го посакува во нападот на својот тим и дека ќе стори се уште во јануари да се оствари тој трансфер.

Факт е дека Србинот во последно време игра во фантастична форма и дека после Мбапе и Халанд е најпосакуван играч во Европа, но и тоа дека Фиорентина за него бара преголема отштета, барем за италијански услови. А тие 50 милиони евра, или 70-80 милиони што во последно време ги бараат од Фиренца и не се некоја преголема сума за пребогатите шеици од Сити.

ПретходноТиквеш за првпат во историјата на клубот ќе оди на подготовки во Анталија!
СледноБез драми во Битола, Е. Пелистер фуриозно против Тиквеш