Ботев Враца со специјално признание за Македонецот Бабунски!

525

Дориан Бабунски, македонскиот репрезентативец оваа 2021 година блеска во тимот на Ботев Враца. Стана еден од клучните играчи, и секако е миленик на сите во клубот а посебно на фановите. Неговиот договор истекува во јуни 2022 година и за него има неколку понуди.

Дека првите луѓе на клубот и тоа како знаат да ги респектираат головите на Бабунски, доказ е и специјалната награда од страна на клубот до Македонецот која денеска му беше предадена. Имено претседателот на клубот, Христо Илиев му врачи признание на Дориан Бабунски како најдобар напаѓач на Ботев Враца за 2021 година.

ПретходноСтруга ТЛ во полуфиналето на Купот ќе биде домаќин!
СледноТиквеш за првпат во историјата на клубот ќе оди на подготовки во Анталија!