Боатенг: Што треба Лева да стори за да ја добие „Златната топка? Да стои ли на глава?

220

И натаму не стивнуваат реакциите во фудбалскиот свет по повод доделувањето на „Златната топка“ на Лео Меси. Посебно се огорчени некогашните соиграчи на Роберт Левандовски, јавноста во Германија и секако сите во Баерн Минхен. Тие сметаат дека Полјакот, а не Меси, требало да ја добие оваа награда.

Па така денеска се огласи и Џером Боатенг, довчерашниот соиграч на Левандовски, со кого во Баерн Минхен мина дури седум сезони и заедно освоија многу пехари и титули.

Ако се избира кој е најдобар фудбалер во светот, тогаш тоа јасно е дека се Лео Меси и Кристијано Роналдо. Но ако се избира кој фудбалер во текот на една година бил најдобар, со сите статистики и бројки, тогаш Лева навистина нема конкуренција. И што треба тој да стори за да конечно го добие ова признание? Да стои на глава или пак да дава голови од центар? Навистина не ми е јасно зошто Лева не ја доби „Златната топка““ се прашува Боатенг.

ПретходноЦ. Звезда ја прекина серијата порази, драмата во Истанбул со среќен крај за Барса
СледноМурињо во традиционална носија ги пречека гостите од Узбекистан