Норвешкиот скијач Александар Амод Килде победи на вториот супервелеслалом во новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање.
Килд стигна до својата седма победа во Светскиот куп, четврта во супервелеслалом и прва во Бивер Крик, со стартен број шест, поставувајќи време 1:10.26 минути. Одермат заврши како втор со само три стотинки заостанување зад Килд, иако имаше 12 стотинки предност на последното мерно место.
Третото место го освои Американецот Тревис Ганонг, кој заостана 37 стотинки зад победникот.