Големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал ги оправда очекувањата. „Црвените ѓаволи“ славеа со 3-2, а најзаслужен за нивната победа беше Кристијано Роналдо.
Португалецот постигна два гола, но по мечот не беше премногу расположен за славје.
„Немаме многу време за славење, веќе се подготвуваме за следниот меч. Победата против Арсенал е важна за да се вратиме во нормала, но патот до целта е многу дол“, рече Роналдо.
Португалецот им се заблагодари на соиграчите и навивачите, за кои имаше само пофални зборови.
„Им честитам на соиграчите, покажаа сила. Посебно им благодарам на навивачите без кои немаше да можеме да се носиме со Арсенал“.
Јунајтед следниот меч го игра утре и тоа на домашен терен, го пречекува Кристал Палас.