Алкалоид убедлив против Македонија ЃП и стигна до десеттата победа

92

Екипата на Алкалоид ја запиша десеттата првенствена победа во прволигашката конкуренција откако славеше убедливо со 38:19 против Македонија Ѓорче Петров и со тоа го одбрани првото место на табелата. На полувреме беше 20:7 со што тимот на Алкалоид само потврди дека е далеку надмоќен во однос на својот ривал. Најдобри стрелци кај победникот беа Александар Стојков со 9 гола, додека Мартин Димовски постигна 7.

Во наредното коло Алкалоид ќе гостува во Струмица кај екипата на Астраион.

А Голден Арт им се врати на победите. Славеа против Металург РА со резултат 38:20. Најефикасен кај Голден Арт беа Ивица Илиев со 8 гола и сите во првиот дел. По шест пати стрелаа Гучески и Димитров.

 

ПретходноЊукасл му нуди фантастичен договор за фудбалер на Манчестер Јунајтед
СледноБлажевски во друштво на играчи со 150. меча за Вардар