Со голот на Лукас Окампос во 16. минута екипата на Севиља славеше победа над Виљареал со 1:0 во 15. коло на Ла Лига. Со тоа Севиља се искачи на второто место на табелата и ќе остане таму барем до одигрувањето на мечот на третопласираниот Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ својот меч ќе го играат вечерва на домашен терен против Мајорка.
Виљареал со петтиот пораз го држи 12-тото место на табелата.
Вечерва освен Атлетико -Мајорка (почеток, 18:30 ч.) ќе играат и Сосиедад и Реал Мадрид (21:00 ч). Од 16:15 е дуелот Барселона – Бетис.