Данска опомена за одбојкарите: Пораз на завршниот меч од првиот турнир во Сребрената лига

283

Македонската одбојкарска репрезентација е убедливо поразена во последниот меч од првиот турнир од Европската Сребрена лига во Струмица. Вечерва избраниците на селекторот Матијашевиќ одиграа многу послабо од изминатите два дена и дозволија расположените Данци да не совладаат убедливо со 0:3 (21-25, 23-25, 24-26).

Во секој од трите сета, Македонија играше добро до средината, кога се случуваа несфатливи грешки кои Данска ги претвораше во три-четири поени предност, кои потоа беа клучни за освојување на сетовите. Вечерва одигравме лошо на приемот на сервисот, а не бевме сјајни ниту во нападот.

Никола Ѓорѓиев реализираше 17 поени за нашата селекција, додека Љафтов и Ристо Николов имаа по 8. Кај Данска блескаше Јенсен со 22 поени.

Следната недела сите четири селекции од Струмица се селат во Шлагелсе, Данска, каде од петок до недела (28-30 мај) следува вториот турнир во групата „А“. Македонија без разлика на пласманот ќе биде еден од учесниците на Ф4 турнирот во Струмица во јуни, а и Данска со вечерашнава победа скоро и да си го обезбеди местото на завршниот турнир.

фото: CEV.eu

ПретходноБејл: Ако кажам нешто ќе се случи хаос!
СледноРеми на нашиот ривал на ЕП: Украина во пријателски меч во 90+2 се спаси од Бахреин!